Еве не денеска овде без ниту една фантомка на глава, без боја во нашите џебови, со чисти срца, со многу љубов и со многу храброст, да му кажеме на судот дека двојни аршини не треба да постојат, дека не треба судот да се плаши од притисоци бидејќи судот е избран од народот, а народот е со нив и ја поддржува борбата против криминалот. Но, пред се бараме оние кои навистина се огрешиле од законот да бидат ставени таму каде што им е местото во соодветни институции, а потоа да видиме како ќе ја делиме правдата во оваа држава, бидејќи правадата не се дели од средината, туку од почетокот, рече Тони Михајловски на денешниот собир на ГДОМ пред Основниот суд – Скопје 1.
Ние сме сите за слободно судство и дојдовме овде да ја дадеме поддршката на судиите и да им порачаме да не се плашат од никого, никој не смее да ги притиска. Оваа наша земја докажа во овие 10 години дека знае да трае и дека знае да оди по вистинскиот пат и нема да дозволиме некои така наречени револуционери кои од револуција добиваат пролив, а од секоја друга борба се плашат и бегаат, да им порачаме дека револуција не се води така, за револуција треба народ и еве еден дел од народот да им порача дека секогаш сме спремни да ја одбраниме Македонија и она што Македонија за овие 10 или 25 години успеа да го направи, рече Михајловски.