ДОМ: Храбро и мудро во одбрана на СЈО!

Од:

ДОМ го осудува скандалозното приведување на граѓанскиот активист Павле Богоевски, последно во низата брутални апсења на неистомисленици.

„Храбро и мудро во одбрана на СЈО!“ – повикува ДОМ за денешниот собир организиран од граѓанската платформа „Протестирам“.

„Храбро, зашто не смееме да дозволиме да нѐ заплашат апсењата на граѓански активисти од полицијата и несовесните одлуки на некои судии. Знаеме дека и полицијата и таквите судии постапуваат незаконски и под политички диктат на владејачката партија. Го слушнавме тоа во бомбите и тие разговори не се забораваат!

Мудро, за да не наседнеме на смислените провокации од страна на власта, на која единствено ѝ одговараат немири, за да можат грст луѓе од раководството да ја избегнат правдата. Доказ е синоќешната јавна закана од устата на првиот човек на владејачката партија, кој буквално најави граѓански судир и партиска улична пресметка! Доказ се и денешните автобуси од цела земја, со кои се донесоа луѓе во Скопје, кои треба да бидат „живиот штит“ на моќниците!

Демократските сили во Македонија мора да бидат и храбри и мудри, за да се изборат за демократски промени и за почитување на правото и правдата! За да се излезе од политичката криза, да се создадат услови за фер и демократски избори и за демократско владеење потоа, на оние што ќе ги изберат граѓаните.

Само на тој начин ќе дојдеме до демократска, стабилна и просперитетна Македонија и ќе го сопреме егзодусот на младите. Најголемата придобивка, веќе сега, е нараснатата граѓанска свест, која нема да ѝ дозволи на ниедна власт да владее надвор од законот и правдата!“, се наведува во повикот на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски