Израелски функционер заминал за Каиро да преговара за прекин на огнот со Хамас што ќе се одвива доцна вечерва.
Ова го јави вториот канал на израелската телевизија, според која во Каиро претходно стигнала палестинска делегација предводена од лидерот на политичкото крило Калед Машал.
Хамас уште претходно ги соопшти условите под кои ќе се согласи на прекин на огнот.
Договорот го поддржуваат Турција, Катар, Египет и САД, информираа на израелската телевизија.
Високи официјално лица на Хамас денеска побараа од Египет да ја олесни блокадата на појасот Газа и да обезбеди Израел да запре со убиствата на лидерите на таа исламистичка организација.
Тоа се условите кои се претставени на состанокот на Хамас со египетската делегација од која побарале и Египет да ги отвори сите гранични премини во појасот Газа.