Џонатан Треп, „зависник од адреналин“, сака да го помине атлантикот само со помош на балони исполнети со хелиум. Тој веќе изврши пробен лет над Мексико во рамките на фестивалот Дел Глобо.
Во зависност од финансиската состојба, ќе биде одреден датум, следната година, кога ќе започне патувањето долго помеѓу 4.000 и 5.500 километри од Мејн до Париз, во времетраење од три до шест дена.