Кливленд направи вистинско чудо со освојувањето на својата прва титула во НБА лигата. Тие се првиот тим кој успеа да се врати од 3:1.
Иако после четвртиот натпревар се изгледаше безнадежно за момците на Лу, сепак на крајот успеа да го направат невозможното.
На минута пред крај при нерешен резултат(89-89), Ирвинг и Леброн ја превземаа контролата на натрпреварот и постигнаа четири поени за првата титула во Кливленд
Леброн кој пред неколку сезони беше најомразен во Кливленд стана новиот херој, постигнувајќи 27 поени, надополенти со 11 асистенции и 10 скокови, со што заслужено ја понесе МВП наградата. Ирвинг беше втор стрелец со 26 поени.
Кај Голден Стејт најдобар беше Грин со 32 поени, девет асистенции и 15 скокови.