А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЛДП: МВР четири дена не може да го пронајде Владимир Талески за слободна Битола

by А1он19/06/2016 - 15:1519/06/2016 - 15:27170
Share0

Битолчани и воопшто, Македонските граѓани, четврт ден ја чекаат веста за тоа дали решението за куќен притвор на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, изречено од Кривичниот суд, допатува во Битола или се ‘загуби’, иако е потврдено дека е пратено по факс, велат од ЛДП-Битола.

Добивај вести на вибер

„Изјавите од полицијата дека решението не стигнало на нивна адреса, јасно и недвосмислено покажуваат дека ВМРО-МВРО врши опструкција на судот и постапува за тесно партиски и лични интереси на врхушката од власта.
ЛДП смета дека ова е обструкција од МВР за постапување по решение на Кривичниот суд, со ова не се почитуваат судските одлуки и се кочи правдата.

ЛДП-Битола потсетува дека МВР-Битола за два дена викна на распит 86 лица од „Шарената Револуција“, поднесе 26 пријави, а лицето Владимир Талески четири дена не можат да го пронајдат.

Решението за притвор е извршно решение, адвокатот на Талески потврдил дека го добил и го обжалил, така да оваа обструкција е незаконска.

На крај, она што на сите им е јасно и очекуваме дека ќе се случи, е Владимир Талески под итно да поднесе неотповиклива оставка на функцијата градоначалник и да ја ослободи Битола од неговото владеење“, стои во соопштението на ЛДП.

ldp

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Катерина Ѓуровски08/11/2025 - 09:30

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 10:57

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски19/10/2025 - 19:0519/10/2025 - 15:08

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 10:10

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски19/09/2025 - 11:1519/09/2025 - 11:55

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен