Тринаесетгодишниот Давид Мијалов од Радовиш освои прво место во категоријата кадети на Европскиот куп во триатлон во Бургас, Бугарија, соопшти Македонската триатлон федерација.
На Европското првенство што се одржа вчера, во репрезентацијата покрај Мијалов настапија и Бојана Ѓорѓиеска и Иво Јован Димовски кои ги освоија четвртите места во кадетските категории. На трката учествуваа сите европски земји во шест категории.
– Радовишанецот Давид Мијалов со свои 13 години го освои првото место во категорија кадети и остави голем белег и најдобар резултат на Триатлон федерацијата на Македонија досега. Четвртите места на натпреварувачите Ѓорѓиеска и Димовски се, исто така, големи достигнувања за нас, информира Федерацијата.