Повеќе од сто илјади луѓе протестираа ширум Франција против плановите на владата за легализирање на истополовите бракови, пренесува AFP.
Според полицијата, во Париз се собрале околу 70 илјади луѓе, додека според организаторите бројот на демонстрантите изнесувал 200 илјади. Во Лион се собрале 22 илјади, а во Марсеј осум илјади луѓе.
Францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека ќе го спроведе на дело, планот „брак за сите“ во период од една година по стапувањето на должност во мај, но тоа наиде на протести од верските лидери, некои политичари и во деловите на рурална Франција.
Во денешниот протест под мотото „Марш за сите”, учествуваа семејните и католичките здруженија. Во Париз учесниците на протестот носеле транспаренти „Едно дете е еднакво на еден татко плус една мајка”.
Истражувањето покажува дека поголемиот дел во Франција ги поддржува геј браковите, додека поддршката геј двојка да посвое дете се движи околу 50%.