ЛДП: Санкции за пречекорените овластувања на телохранителите на Груевски

Од:

Либерално-демократската партија е згрозена и сериозно загрижена за слободата на медиумите во Македонија, по последниот упад на обезбедувањето на поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Упадот на полициските службеници во просториите на ТВ21, со цел бришење на одредени фотографии кои новинарот на оваа телевизија ги сликал од прошетката на Груевски на улица Македонија, е одлика на автократски и недемократски општества.

Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, дали со оваа провокација свесно и намерно ја влошуваат и онака уништената слобода на независното и непристрасно информирање во државата?

ЛДП најсилно го осудува овој чин на насилие и бара санкционирање на припадниците на МВР кои ги пречекориле своите овластувања и ингеренции.

Овој настан е уште еден доказ за издржаноста на барањето на ЛДП за декриминализација и департизација на безбедносните служби од лица со криминално досие, кои работат во служба на партијата, а не на државата.

Би можело да ве интересира

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија