Вима – Атина
Анексијата на Крим од страна на Русија беше крајот долгиот период на авторитарно управување и изолационизам под раководство на претседателот Владимир Путин, започнат пред неколку децении.
Но, додека меѓународната заедница го осудуваше тој чин, Русите демонстрираа дека го обожуваат.
Навистина, „враќањето“ на полуостровот кон Русија имаше длабоко влијание врз јавното мислење и ги засили позициите на власта на Путин и покрај големите предизвици – политички и економски, пред кои е исправена Русија.
Во март 2016, 83 отсто од Русите позитивно се изјаснија за анектирањето на Крим, а „против“ беа само 13 отсто. Дури и прогресивните – во тој смисол и некои кои учествуваа во протестните митинзи против режимот во периодот 2011-2013 година, во Крим најдоа повод за да го поддржат Путин.
Поводот е едноставен. За повеќето Руси, Крим продолжува да е дел од „империјата“ во кутурен и географски смисол. Русија денес ги нема моќта и ресурсите за повторно да ја обнови таа империја.
Но, влегувајќи на Крим, режимот на Путин успеа да предизвика едно чувство за воспоставување на историска правда и да ги насочи надежите кога се однесува на можноста Русија повторно да стане „велесила“.
Таа реакција можеби буди изненадување. Но, таа е одраз на економските санкции воведени од Западот и последиците кои се влошија како резултат на наглиот пад на цените на нафтата. Сентименталниот елемент со сигурност игра голема улога. Но, во пракса, тоа е главна причина повеќето Руси да стојат зад анексијата на Крим и да го поддржат тој чин.
За просечниот постсоветски Русин кој го добил Крим, од каучот дома со далечинско в рака, е валидно тоа што неговото мислење се совпаѓа со тоа на повеќето негови сонародници, а тоа е многу попривлечно отколку да земе да прави нереди.
Покрај тоа што поголемиот дел од Русите до голема мера одбиваат да мислат критично кога се однесува до она што се случува во нивната земја. Тоа е типичен пример за психологијата на масите.
Таа непоколеблива поддршка за „праведните“, „одбранбени“ и „превентивнни“ воени операции што започнаа на Крим, продолжи и во Донбас и Сирија. Таа најде одраз дури и во трговската војна со Турција. И покрај очигледните ризици од тие дејствија, Русите ја прифатија тезата дека тие се потребни за зачувување на стабилноста.
Русите всушност демонстрираат дека го поддржуваат и лошото менаџирање на економијата од режимот на Путин. Веројатно таквата поддршка е заради нивната жална финансиска ситуација. Просечниот Русин брзо им се враќа на навиките кои имаат врска со неимотноста од неодамнешното минато. Тој вниманието си го насочил главно кон придобивањето на основните средства и стоки, како храна и облека. Малкумина се интересираат за причините за влошувањето на нивниот животен стандард.
А и кој може да ги обвини за тоа? На крајот на краиштата, оние Руси кои ги интересираат политичките процеси во земјата брзо се откажуваат соочени со лошата реалност. Режимот ги ликвидираше сите сили на опозицијата. Повеќето критичари на режимот предвремено заминаа.
И затоа што нема политичка конкуренција, Путин создаде систем за контрола на елитата, Група од либерали, кои му се верни на Путин, се на важни позиции во финансискиот и банкарскиот сектор и на тој начин ја играат улогата на балансер во однос на јастребите во армијата и во специјалните служби.
Сосема е нормално претставниците на елитата непрекинато да ја демонстрираат својата верност кон Путин. Таквиот систем не остава елитата во Русија да предлага промени и не дава можност за махинации против самиот Путин. А режимот изгледа позитивно стабилен, барем засега. Навистина, од 2012 година наваму, режимот се зацврстува како што добива време, благодарение на народната поддршка и се обидува да се приспособи кон постоечкото економско, политичо и социјално незадоволство.
Но, тоа време е ограничено. Тоа е и причината заради која пред парламентарните избори во септември режимот се повеќе им обрнува внимание на граѓаните кон внатрешните „закани“, односно кон политичките противници и претпоставените „предавници“. Типичен пример за тоа е поранешниот шеф на нафтената компанија Јукос, Михаил Ходорковски, чии сомнежи во однос на управувањето на Путин го доведоа до притвор, а потоа и до затвор.
Во 1970, советскиот дисидент Андреј Амарлик праша во еден прочуен есеј: „Ќе преживее ли Советскиот Сојуз до 1984 година?“
Сега ние треба да прашаме уште колку ќе живее режимот на Путин. Изгледа веројатно тој режим да продолжи до следните претседателски избори во 2018 година. Дали ќе издржи до претседателските избори во 2024, е прашање по кое „кремљинолозите“ наскоро ќе почнат да дискутираат.