Ново финале во двојки за Ѓорческа

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра уште едно финале во двојки на фјучрс турнирите.

Таа заедно со Кристина Дину од Романија како втори носителки ќе играат против третите носителки на турнирот (награден фонд 50.000 долари) Јустијана Јегиолка (Полска) и Гуадалупе Перез Рохас (Аргентина).

Ова ќе биде седмо финале во двојки за нашата тенисерка во 2016 година.

Вчера Ѓорческа и Дину одиграа два меча. Во четвртфиналето ги победија Далма Галфи и Река-Лука Јани (двете од Унгарија) со 7:6 (7:1) и 6:2 во сетови, додека во полуфиналето беа подобри од српските тенисерки Марина Качар и Милана Спремо со 6:0 и 6:3 во сетови.

Почетокот на финалниот меч во конкуренција во двојки е закажан за 10 часот.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен