УПОЗ: Се прават обиди да се прекине штрајкот

Од:

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) обвини дека претседателите на апелационите судови и на основните судови донеле одлука дека за време на штрајк треба да се работат скоро 90 проценти од сите постапки во судовите.

– Бидејќи заклучокот од тој состанок кој се одржал во Судскиот совет нема печат, ни штембил, туку само потписи се поставува прашањето, дали истиот е законски и дали таквиот заклучок може да биде задолжителен за штрајкувачите бидејќи не е донесен од институција која е надлежна за судството. Во текот на денешниот ден во сите судови во Република Македонија се одржуваат колегиуми помеѓу претседателите на судовите и судиите. По завршувањето на колегиумите судиите ќе мораат да го спроведат заклучокот, а доколку судските службеници не ги работат постапките кои се наведени во заклучокот ќе добијат дисциплински постапки. Ваквата ситуација може да создаде конфликти помеѓу штрајкувачите и судиите, а штрајкувачите се се повеќе иритирани, наведува УПОЗ во денешното соопштение.

Според УПОЗ, ваквите постапки на претседателите на судовите се спротивни на членот 238 од Законот за работни односи.

УПОЗ информира дека за оваа ситуација е известена Меѓународната (МОТ) од каде, како што велат, биле известени дека работодавчите постапиле спротивно на законските норми. УПОЗ заедно со Здружението на судска администрација најавија дека ќе поднесат тужби до МОТ.

Би можело да ве интересира

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски