ЛДП: Како да се верува во полиција во која работат помилувани криминалци?

Од:

Безбедносниот сектор на Република Македонија, длабоко „зарибан“ во криминалите на власта и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, мора под итно да се декриминализира, стои во соопштението на ЛДП.
Аболицијата на високи полициски функционери од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, јасно потврди дека во МВР работат криминогени лица. Сакајќи или не, Иванов го извади „валканиот веш“ на површина.
Самиот чин на повлекување на аболицијата не го промени фактот дека криминогени структури се’ уште работат и раководат со безбедносните служби на МВР.
Ако досега кружеа информации дека овој сектор е партизиран, сега постојат цврсти докази дека истиот е и криминализиран.
Во исто време, неодамнешниот прием на нови припадници на полициските сили, од кои добар дел не ги поминале безбедносните проверки, претставува преседан за земја која тежнее да стане членка на ЕУ и НАТО.
Колку можат граѓаните на Р. Македонија да имаат доверба во полицијата, која во своите редови има припадници со криминално досие, прашува ЛДП.
Либерално-демократската партија смета дека се повеќе од потребни темелни реформи во безбедносните структури, а час поскоро да се отпочне со процесот на департизација и декриминализација на службите.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа