ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Денешната прес конференција на Илија Јованоски ја покажува неспособноста на СДСМ

Од:

„Што е тоа што денес опозициската коалиција го понуди на прилепчани? Нови идеи и програми? Нови политичари кои би можеле истите да ги реализираат? Такво нешто, денес не видовме, а нема ни да видиме. Ако овие лица кои денес излегоа јавно да се промовираат како иднина на Прилеп и на оваа земја, тогаш полоша вест за нашата иднина граѓаните денес не можеа да слушнат.

Денешната прес конференција на Илија Јованоски ја покажува само неспособноста на СДСМ и стравот од престојниот пораз. Жално е што СДСМ не умее со работа и проекти да го сврти вниманието на јавноста, па мора да се групираат во Сојузи на истрошени политичари, без идеи и програми.

Оваа колаиција која ја нарекуваат Сојуз за иднината, по својата форма наликува само на сојуз за власт, Сојуз за бизнис интереси и богатења. Самото име на коалиција Сојуз кажува за старо новите лица кои го осиримашија народот во периодот на транзицијата.

Надвор од разумот е ова меѓусебно здружување, кога истите тие во минатото беа најголеми непријатели, а денес се заедно. Оставањето на страна на различните политички идеологии и сфаќања кажува само едно, ЖЕД ЗА ВЛАСТ И ФОТЕЛЈИ.

Паметат прилепчани каков беше Прилеп во времето на СДСМ, Град на беда и сиромаштија, град на мизерија, град рекордер по бројот на социјални случаи.

Денес Прилеп е европски град. Разликата од Прилеп порано и Прилеп денес е очигледна, народот го знае тоа и изборот веќе го има направено.

Впрочем тоа е така 6 изборни циклуси по ред, циклуси во кои СДСМ и Црвенковски заедно со коалиционите партнери исто толку пати се поразени од народот. Крајно време е Црвенковски и СДСМ да се вразумат, и да не ја малтретираат јавноста со разни коалиции и
сојузи.

Народот својот избор веќе го има направено, изборот е ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ