Ѓорческа почна со победа на фјучрсот во Сегед

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа (267 место ВТА) успеа да се пласира во 2.коло на фјучрсот што за награден фонд од 50.000 долари се игра во Сегед, Унгарија.

Таа ја победи Стефани Фог од Лихтенштајн (278 место ВТА) со 2-0 во сетови (6:3 и 7:6 (8:6)).

Нејзина следна противничка ќе и биде Исалин Бонавентуре од Белгија (4. носител), која со 2-0 во сетови (7:6 (7:3) и 6:0) ја победи Милиана Спремо од Србија. 

Попладнево Ѓорческа ќе игра и во конкуренција на двојки каде со Кристина Дину од Романија се втори носителки и ќе играат против Елени Данилиду (Грција) и Бојана Маринковиќ (Србија).

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен