Свеченото затворање на Првиот интернационален фестивал за ангажиран филм „Охрид филм фест“ ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со краткиот филм „Само за губитници“ на Иво Трајков и со неверојатната вистинска приказна „Бољшој Вавилон“на Ник Рид и Марк Франчети.
Во последниот ден од фестивалот, (15 јуни) ќе одржи прес – конференција со специјалната гостинка на Фестивалот, познатата француска актерка Астрид Ветнал која ја има главната улога во филмот „Пат за Истанбул“ на познатиот француски режисер Рашид Бушареб.
Оваа актерка има остварено многу улоги, меѓу кои и во филмовите на Коста Гаврас, Клод Лелуш, Беноа Маријаж и Леспер, а се прослави со политичката тв-серија „Црниот барон“. Во 2014 е номинирана за наградата „Магрит“. Сепак, нејзина најзабележлива улога е во филмот „Патот за Истанбул“ на Рашид Бушареб.
Во рамките на Охридскиот фестивал во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, премиерно беше прикажан филмот „Пат за Истанбул“ , на којашто присуствуваше и актерката Астрид Ветнал која ја има главната улога во овој филм.
Главната програма започнува во 17 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со филмот „Приказна за една жена“ во режија на Вег Вегризин од Полска.