Направена штета од 850 илјади денари за сеча на дрвја на Водно

Од:

Штетата во заштитената зона во местото „Рупи“ на Водно, каде на крајот на минатиот месец имало сеча на дрвја изнесува 853.200 денари, информираат од Град Скопје.

„Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ ја информираат јавноста дека за настанатите штети во парк шумата Водно побарале од Бирото за судски вештачења да ги утврди околностите и висината на штетата којашто е настаната.

По добиеното стручно мислење, јавното претпријатие поднесе пријава против физичко лице до Министерството за внатрешни работи.

Од вештаците на теренот е утврдена следната фактичка состојба:

– Од вештаците на теренот е утврдено дека при крајот на мај 2016 година во парк шумата Водно вршени се активности во заштитеното подрачје, кои не се во согласност со планските документи за заштитени подрачја, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума. Во парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“ вршени се градежни земјени работи за пробивање на земјени патишта и зарамнување на одредена површина. Со извршените земјени работи зафатена е вкупна површина од околу 5.864 квадратни метри, при што е извршено копачење односно отстранување на постојната вегетација, што е во спротивност со законот за шумите и други акти донесени од Градот Скопје. При вршењето на градежните земјени работи извршено е оштетување и уништување на стебла од црн бор и стебла од разни листопадни дрвја, како и природен подмладок од црн бор со старост над 3 години – велат оед Град Скопје.

При крајот на мај 2016 година во парк шумата Водно вршени се активности во заштитеното подрачје, кои не се во согласност со планските документи за заштитени подрачја, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума. Во парк шумата Водно, во местото викано „Рупи“ вршени се градежни земјени работи за пробивање на земјени патишта и зарамнување на одредена површина. Со извршените земјени работи зафатена е вкупна површина од околу 5.864 квадратни метри, при што е извршено копачење односно отстранување на постојната вегетација, што е во спротивност со законот за шумите и други акти донесени од Градот Скопје.

При вршењето на градежните земјени работи извршено е оштетување и уништување на следната вегетација: Стебла од црн бор и стебла од разни листопадни дрвја и природен подмладок од црн бор со старост над 3 години.

Врз основа на правилник за висина на цената за штети во шума (сл. Весник на РМ број 75/2010 год.) вредноста на штетата предизвикана со активностите во заштитеното подрачје, кои не со во согласност со планските документи за заштитеното подрачје, односно шума со посебна намена, во овој случај парк шума Водно, изнесува вкупно 853.200 денари.

За оштетени стебла од црн бор штетата е 403.200 денари, за оштетени стебла од листопадни дрвја 90.000 денари и за оштетен природен подмладок од црн бор 360.000 денари“, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски