Томислав Османли го промовира својот трет роман

Од:

Во галеријата на Младинскиот културен центар, утре, со почеток во 20 часот ќе се одржи промоција на романот „Бродот. Конзархија“ од Томислав Османли.

Ова е трет роман на еминентниот македонски писател Томислав Османли. Романот припаѓа на веројатно најмалку застапениот жанр во македонската литература, негативната утопија. Станува збор за исклучителна книга чие дејствие се случува во 2039. година.

„Бродот. Конзархија“ е книга во која авторот се обидува да ги открие својствата на новото прагматично време полно со симулакруми, со лажни стварности, кое во крајна линија и самото ќе се покаже како време на омасовени илузии и општи и лични прелаги. Во тоа време, покрај отуѓените карактери на својата негативна утопија, Османли го открива носталгичниот човек проектиран во блиската, отуѓена и хипер-меркантилна иднина.
Во време на зголемената понуда на идеолошките утопии, Османли во својот роман книжевно уверливо: релјефно, фабуларно, духовито и критички запловува во својата визија за иднината на овој дел од еден футуристички свет.

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Ферид Мухиќ.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи