По Стеф Кари и ЛаМаркус Олдриџ, уште двајца кошаркари од НБА го откажаа настапот на претстојните Олимписки игри во Рио Де Жанеиро.
Расел Вестбрук и Џејмс Харден ги известиле раководните луѓе од националниот сојуз дека нема да играат во Бразил.
Во образложенијата, и Вестбрук и Харден ги наведуваат семејствата како причина за откажувањето на настапите на Игрите во Рио.
На сметка на овие две откажувања, повик во репрезентацијата на САД доби ДеМаркус Казнс.