По дуелот со Леброн Џејмс, по кој настана и блиска средба помеѓу двата играчи, Дрејмонд Грин ризикуваше суспензија за следниот натпревар од НБА финалето. Оваа одлука денес беше потврдена од страна на дисциплинската комисија на најсилната кошаркарска лига во светот.
Вориорси стравуваа дека ќе останат без својот мотиватор, кој и претходно беше суспендиран заради ударот врз Стивен Адамс, во финалето на Западната конференција. На претходниот натпревар, во кој Голден Стејт победи среде Кливленд и се одлепи на 3-1 во финалната серија, Грин и Џејмс разменија неколку пцовки, а и во дуелот неколку моменти подоцна имаше и физичка пресметка. Петтиот натпревар од финалната серија се игра во вторник наутро, во „Оракл арената“ со почеток во 03.00 часот.