СДСМ во безидејност и хаос, мораат да реагираат и на интервјуа. Тоа го покажува стравот кој владее во СДСМ од бројките и фактите. СДСМ го прочитале интервјуто и виделе дека ВМРО-ДПМНЕ покажа константна грижа за здравството и здравствениот систем во Р.Македонија. Сега парите наменети за Министерството за здравство се насочени кон изградба на болници, купување на апаратура и вложување во кадровскиот капацитет на болниците, за разлика од времето кога СДСМ беше на власт, а парите одеа за купување на скапи ѓердани и подароци, за функционерите на СДСМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ бесрамно лаже и манипулира со јавноста кога зборува за смртност кај доенчињата, бидејки бројката е значително намалена и е во континуиран пад, за разлика од времето кога тие беа на власт. Таа денес изнесува 8,5 промили што е значително намалено споредено со 2006-та година кога стапката на смртност кај новореденчињата била 13,2.
За разлика од СДСМ , ВМРО-ДПМНЕ покажа дека здравствениот систем на државата ние е на прв план со реализација на следниве проекти:
Изградба на комплетно нова ”Детска болница Козле”,
Комплетно се реновира болницата во Битола, Прилеп, Велес и специјалната болница во Охрид – Св. Еразмо, а во тек е комплетно реновирање на болницата во Струмица.
После 40 години во Македонија се отвори државна кардиохирургија, а успешно функционира и детската Кардиохирургија, установи кои во Македонија во времето на СДСМ ги немаше, а пациентите одеа во оклните држави.
Се изврши набавка на најсовремена опрема за болниците ширум државата и едукација на персоналот за работа со истата.
Се направи целосно нов Центарот за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ – Центар). Инвестиција вредна околу 16 милиони евра, со која Македонија ќе стане регионален За ПЕТ–Центарот е набавена и најсовремена опрема, спроведена е едукација на кадарот и во тек е процес на валидација согласно стандардите на Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена. Ваква здравствена установа нема во поширокиот регион.
Во тек е Изградбата на Клиничката болница во Штип која е една од најголемите капитални инвестиции во здравството некогаш реализирана во Македонија, вредна околу 56 милиони евра, со која источниот регион ќе добие болница според врвните светски стандарди. Наскоро ќе почне и реконструкција и обнова на Универзитетска клиника по хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје и градбата на целосно нов објект за Ургентен центар во рамки на Општа болница Куманово.
Благодарение на ова Република Македонија е рангирана како 16-ти по квалитет здравствен систем во Европа, од страна на Европскиот здравствен потрошувачки индекс кој се смета за најрелевантен показател за функционирањето на здравствениoт систем во Европа.
Огромна е разликата помеѓу водењето златарска политика во здравството од времето на СДСМ, со конкретните мерки, проекти и инвестиции кои се спроведуваат денес.
Ваквите проекти и инвестиции во здравството граѓаните ги препознаваат и затоа му ја даваат довербата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејки само ВМРО-ДПМНЕ има визија и капацитет да го реализира тоа што ќе го ветува пред граѓаните“, се вели во соопштението на партијата.