Ѓорѓиев: Јавноста и Владата со забелешки за надоместот за музика, можна е ревизија на материјата

Од:

Владата по првичните анализи, врз основа на реакциите во јавноста и врз основа на претставките од субјектите за надоместот за музика, увиде дека постојат навистина голем број на нелогичности во поглед на оваа материја. Нелогичностите во најголем дел постојат во поглед на обемот на опфат на субјекти кои ќе бидат задолжени за плаќање на овој надомест и можна е ревизија на материјата, рече на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, одговарајќи на новинарско прашање.

Владата, како што рече, директно со своја одлука досега не учествувала во самиот овој процес, постапка или пак во определувањето на тарифникот или опфатот на услугите и субјектите кои би требало да плаќаат определен надомест.

– Изминатиот период точно е дека бевме сведоци на големи реакции во јавноста, а имавме и директни претставки до Владата од страна на повеќе субјекти кои на некој начин спореа определени моменти од самиот овој процес. Владата по првичните анализи, врз основа на овие реакции во јавноста и врз основа на претставките од субјектите, увиде дека постојат навистина голем број на нелогичности во поглед на оваа материја и увиде дека нелогичностите во најголем дел постојат во поглед на обемот на опфат на субјекти кои ќе бидат задолжени за плаќање на овој надомест, рече Ѓорѓиев.

Увидовме, рече, дека постојат и определени отстапувања од европската практика и примената на европското закондавство.

– Затоа Владата одлучи директно да се позанимава со ова прашање, да ги разгледа сите овие аспекти, директно како орган што подраазбира дека најверојано ќе биде направена ревизија на целокупната материја, постапка, процес и на актите кои ја дефинираат оваа материја, истакна портпаролот на Владата.

Ние, како што додаде, поддржуваме промоција и заштита на домашното творештво и продукцијата.

– Од друга страна не треба да се дозволи нелогично да се оптоварат голем број на субјекти кои не би требало по дефиниција да плаќаат ваков вид на надомест. Идниот период Владата ќе го разгледа ова прашање и соодветно ќе реагира и ќе има ревизија на целата материја, пред се постапка и акти, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи