Голден Стејт на една победа до одбрана на трофејот

Од:

Екипата на Голден Стејт се наоѓа на само чекор до одбрана на шампионскиот трофеј во НБА лигата, откако ноќеска забележаа победа на гостувањето кај Кливленд со 108:97.

Сега актуелниот шампион води со 3-1 во финалната серија која се игра до четири победи.

Кливленд добро го одигра првото полувреме и на паузата отиде со пет поени предност (55:50), но во третиот период гостите од Оукленд целосно ја анулираа негативата (29:22), а во последните 12 минути беа уште поубедливи (29:20) и дојдоа до значаен триумф.

„Вориорс“ мечот го завршија со 17 постигнати тројки, што е рекорд во НБА финалињата.
Повторно најдобар играч во победничкиот тим беше Стеф Кари. Тој постигна 38 поени, шест асистенции и пет скока.

Кај Кливленд најзабележителен беше Кајри Ирвинг со 34 поени и по четири скока и асистенции.
Следниот, можеби и последен дуел во НБА лигата за оваа сезона се игра ноќта меѓу понеделник и вторник.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on