А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Статистика лаже и откри дека лажеле и Ставрески и Груевски

by А1он10/06/2016 - 16:16100
Share0

„Државниот завод за статистика сервисира бројки по нарачка на Груевски и Ставрески. Но Статистика ни со нарачките на кумовите не може да ги сокрие нивните катастрофални економски промашувања.
 
Прво, нереалнен е растот на БДП од 2 процента со којшто излезе ДЗС и номиналниот раст од 8.7 отсто, бидејки тие се невозможни во услови кога во земјава има дефлација. Тоа значи дека Статистика лаже.
 
Второ, оваа надградена и проширена прогноза на ДЗС за раст на БДП-то од едвај  2 процента открива дека и Ставрески и Груевски лажат кога најавуваат двојно повисок економски раст.
 
Со дискутабилниот економски раст од 2 процента што го соопшти Статистика, дискутабилни се и прогнозите на Ставрески за двојно поголем раст до крајот на годината.
 
Во услови на незначителен економски раст паѓаат во вода и бројките на ДЗС за наводно намалување на невработеноста.
 
“Славните економисти“ Ставрески и Груевски кои предизвикаа над 500.000 граѓани да живеат на границата на сиромаштија, а избркаа 626.312 илјади во Македонија ништо веќе не ги спасува, на ни Државниот завод за статистика.
 
Потребен е раст, не од 2-та процента на ДЗС, не од 4-те проценти на Ставрески и Груевски, туку раст на БДП-то од над 6 проценти за граѓаните да почувствуваат промени во нивните семејни буџети.
 
Тоа ќе го овозможи новата одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Врвот на криминално-корупциската власт на Груевски, наместо да нарачува прогнози, нека се подготви да им врати се што им одзеде на граѓаните“, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 14:1027/09/2026 - 14:13

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 10:56

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео