Австрија планира нова конференција со министрите од Балканот за бегалската криза

Од:

Австриското Министерство за внатрешни работи за средината на јули планира да организира нова конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од западен Балкан за прашањето на бегалците, јави Танјуг.

Претходно, средба треба да имаат шефовите на пограничните полиции, односно полициите на земјите од западен Балкан и Австрија.

За разлика од првата конференција, која заради неповикувањето на Грција, предизвика „заладување“ во односите меѓу Атина и Виена, овој пат на средбата е поканета и Грција.

На конференцијата, како што изјави портпаролот на министарството Карл-Хајнц Грундбек, ќе учествува и Унгарија.

Состанокот на шефовите на граничните полиции ќе биде одржан на 21 јуни, а на него, покрај претставници на земјите од источен и западен Балкан ќе учествуваат и домаќинот Австрија, Грција и Германија.

Девет дена подоцна во Виена ќе се состанат и шефовите на полициите од овие земји.

Што се однесува до состанокот на министрите за внатрешни работи , кон средината на јули, на агендата ќе биде „заедничкото разгледување на статус квото“, анализа на состојбата и разгледување на преземањето можни мерки.

Министерството укажува дека околу 150 мигранти секојдневно, преку Македонија и Бугарија, Србија и Унгарија, пристигнуаваат во Австрија, пред се користејќи ги услугите на шверцерите.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник