Унгарските власти одбиваат да примат сириските бегалци од Австрија, кои оваа земја има намера да ги екстрадира согласно европскиот извештај за миграција (Даблин 3), изјави денеска во Будимпешта унгарскиот министер за одбрана Иштван Шимичко по средбата со австрискиот колега Ханс Петер Доскоцил, јави ТАСС.
– Унгарија категорично нема назад да прифаќа никакви бегалци. Будимпешта е подготвена да разговара со Виена за заштита на надворешните граници на ЕУ, вклучувајќи ја и српско-унгарската. Наскоро ќе бидат организирани консултации на министрите за одбрана и на министрите за внатрешни работи на Австрија, Унгарија и Словенија за заштита на надворешните граници на Унијата, рече унгарскиот министер за одбрана.
Доскоцил упати критика до европскиот извештај за мигранти.
– Очигледно е дека не може целата работа со обезбедување статус за бегалците да се враќа кај државите, кои се наоѓаат на границата со ЕУ, рече Доскоцил.
Минатата година од Унгарија во Австрија влегоа околу половина милион бегалци од Сирија, други земји од Блискиот Исток и од Африка.