СДСМ: Уставниот суд веднаш да ја потврди уставноста на Законот за СЈО

Од:

Ако можеше Уставниот суд за само 5 дена да поведе постапка и за само 7 дена да донесе Одлука за иницијативата на ДУИ, како е возможно повеќе од 8 месеци да не презема ништо во однос на иницијативата за Законот за СЈО? Повеќе од 8 месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за Законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото, прашуваат од СДСМ.

„Нема што да чека, Уставниот суд треба веднаш да ја потврди уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории и не смеат веќе да бидат под било каква закана. Само на тој начин ќе се овозможи непречена работа на единствената независна институција во Република Македонија којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата. Одновен принцип на демократијата е владеењето на правото и тој принцип мора да биде обезбеден. Оттука, приоритет за Уставниот суд треба да биде потврда на уставноста на Законот за СЈО. Граѓаните мора да бидат сигурни дека законите важат за сите подеднакво“ се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он