Ѓорческа полуфиналистка во двојки на фјучрсот во Падова

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Падова кој се игра за награден фонд 25.000 долари, откако синоќа во комбинација со Романката Кристина Дину ги победија Џулија Џонс (САД) и Марсела Закариас (Мексико) со 6:4 и 6:4 во сетови.

Во мечот за пласман во финалето ќе играат против Наталија Подороска (Аргентина) и Џил Тајхман (Швајцарија).

Инаку, Ѓорческа ја очекува и ривалката во 2.коло во поединечна конкуренција. Таа ќе игра со победничката од мечот на првата носителка Исалин Бонавентуре (Белгија) и Мартина Ди Џузепе (Италија). Резултатот е 1:1 во сетови и 5:4 во гемови за Ди Џузепе. Доколку временските услови дозволат мечевите ќе се играат надвор, а доколку врне можно е и да се игра во сала.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен