Серена Вилијамс најплатена спортистка во светот

Од:

 Американската тенисерка Серена Вилијамс според податоците на финансискиот магазин „Форбс“, е најплатена спортистка во светот.

На прво место таа ја надмина Русинката, Марија Шарапова која ја носеш оваа титула цели 11 години.
Вилијамс, која пред три дена во финалето Гррнд слем турнирот во Париз беше поразена од Шпанката Гарбиње Мугуруза, во последните 12 месеци заработила 28,9 милиони долари. Во кариерата само од турнирите добила 77,6 милиони долари.

Овогодишната вицешампионка, Шарапова првото место го загуби поради признаниенто за користење допинг, по што голем број спонзори, како „Најк“, „Американ Експерс“, „Порше“ и „ТАГ Хојер“, ги раскинаа договорите се неа и тоа резултираше со намалување на нејзината заработка. Но, и покрај тоа, Русинката во последние 12 месеци е побогата за 20 милиони долари.

На трето место на листата на „Форбс“ е Американката, Ронда Руси, која натпреварува во боречки вештини со заработка 14 милиони долари, а четврта е возачката во серијата Наскар, Даника Патрик со 13,9 милиони долари. 

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен