(ВИДЕО) Спасовски: Голем дел од полицијата не го поддржува режимот

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски од протестот во Струмица порача дека поништувањето на аболицијата се случила поради народот кој излезе на улица.

-Она вчера што се случи беше под притисок на граѓаните, не заради паметот на Иванов, тој ако беше доволно паметен немаше да носи такви одлуки. Но и тој и Груевски потклекнаа под силата на народот, под силата на граѓаните кои 59 ден протестираат по улиците низ Македонија, рече Сапсовски.

-Широко ги отвораме за секој еден, секој мора да се избори за сопственото достоинство. Сакам да ве уверам и да ги поздравам сите полицајци во МВР, многу голем дел не го поддржуваат режимот, а тоа се покажа вчера кога беа ослободени барикадите иако беше издадена наредба да се чуваат Владата и Собранието. Никој не може и не смее да го чува Собранието од својот народ, тоа Собрание е на сите, порача тој.

Истакнувајќи ги повторно двете барања на опозицијата и на Шарената револуција, за изјаснување на Уставниот суд за СЈО како и ослободување на демонстрантите и запирање на нивниот кривичен прогон, тој рече:

-За да живее правдата, и Гоца и Грујо треба да ги видиме како одат пред истражен судија, да видат како е тоа чувство. Нивното чувство кога не гледаат сите нас како не носат пред обвинител и истражен судија, е сосема поинакво од тоа чувство кое треба да го доживеат сега, рече Спасовски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

Спасовски до Кочовска: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани?

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија