СДСМ: Демонстрацијата на сила врз професори на Економскиот факултет е излив на немоќ на криминалната власт

Од:

Демонстрацијата на сила на МВР, овој пат врз професори на Економскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е излив на немоќ на криминалната власт.
 
Недозволиво е во институција каква што е универзитетот, специјални единици на да упаѓаат како да не станува збор за највисока образовна установа кога сакаат и да вршат спектакуларни акции за дела за кои во цивилизираниот свет се знае како се постапува.
 
Начинот на кој вчера беше извршена акцијата со полициски специјалци покажува дека Никола Груевски и Митко Чавков сакаат својот страв да го прикријат со заплашување на универзитетските професори.
 
Начинот фрла сериозен сомнеж за мотивите на акцијата.
 
Економскиот факултет е еден од последните бастиони на самостојноста и автономноста на Универзитетот  „Св.Кирил и Методиј“.
 
Деградирањето на професорската професија, со употреба на прекумерна сила, е главна цел на акцијата, веројатно диригирана од криминалната врхушка на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Дали е ова казна за непослушноста на Економскиот факултет? Дали е ова порака за некои идни дејствија на МВР врз професори и факултети од УКИМ, пред се, политички мотивирани?
 
Акцијата на МВР се случува во време кога има целосна смена на Сенатот на УКИМ, како и во време на избор на нов ректор на најдобриот македонски универзитет. Стариот ректор е веќеодамна замолчен, не знаеме поради кои причини.
 
Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски е должен на јавноста да и објасни дали и за оваа акција на МВР дал согласност?
 
Универзитетската автономија е неприкосновена и неповредлива, уставно и законски, независно од дјествијата, посебно што во вчерашната акција не се работеше за ниту едно кривично дело поврзано со насилство, употреба на оружје или големо нарушување на јавниот ред и мир. А немаше ниту природна или друга непогода како пожар, поплава или слично.
 
Единствена елементарна непогода во образованието се ВМРО-ДПМНЕ и владите на Никола Груевски кои во изминатите 10 години направија огромни штетина сите нивоа на образование, велат од СДСМ. 

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа