Промоција на новата поетска збирка на Долорес Атанасова – Лори, насловена „Со ветрот под рака“, ќе се одржи на 14 јуни, во „Фросина“, МКЦ, со почеток од 20, 30 часот. Издавач е „Антолог“.
Книгата „Со ветрот под рака“ е нејзина втора поетска збирка и се состои два поетски циклуса.
„Д.А. Лори ни нуди таков жар додека читаме што забораваме дека внатрешното устројство е исполнето со интимен порив. Соживувањето со поетскиот глас е неизбежно, стилската изведба со жестокост, но и со доза избалансирана, умерена итрост си поигрува со архетипите што ни се досега (не)познати, симболичност што плови на моменти во мирно море, а на моменти нè фрла во вакуумот помеѓу карпата и бранот што удира во неа. Чувството да се има новата книга на Д.А. Лори, ‘Со ветрот под рака’, во свои раце пред другите и да знаеш дека таа создала едно дело што ќе остане врежано во историјата на современата македонска поетика е уникатно, прекрасно, во најмала рака ветровито“, пишува во рецензијата кон книгата, поетот Митко Гогов.