Американците без Кари ќе го бранат олимпиското злато во Рио

Од:

Бранителот на олимпиското злато од Лондон, кошаркарската селекција на САД на претстојните ОИ во Рио де Жанеиро летово ќе игра без својата „прва ѕвезда“ во моментов Стеф Кари.

Двократниот МВП (најкорисен играч) во НБА лигата и предводник на шампионот Голден Стејт, Стеф Кари, најави дека нема да биде дел од репрезентацијата на САД која ќе настапи на Олимписките игри.

– По многу размислување и неколку дискусии со семејството и мојот клуб, решив да се повлечам од репрезентацијата пред ОИ во Бразил. Моите искуства во репрезентацијата на САД се сјајни. Многу научив и уживав и поради тоа оваа одлука е тешко донесена. Неколку фактори влијаеја на донесувањето на оваа одлука, тука се вклучени и повредата на зглобот и коленото и верувам дека ова е најдобро за мојата кариера, стои во соопштението на Кари.

Кошаркарот со својот клуб Голден Стејт атакува на вториот во низа шампионски прстен во НБА лигата. Со репрезентацијата на САД освои два златни медали на Светските првенства во 2010 и 2014 година.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on