Косово преполно со ураниум

Од:

Употребата на осиромашен ураниум од страна на НАТО за време на косовската војна многумина сметаат дека е причина за денешните високи стапки на леукемија во регионот.

Долгорочните ефекти на животната средина се нејасни. Американскиот дипломат Ричард Холбрук еднаш го нарече патот меѓу Кијево и Клина како еден од најопасните патишта во Европа. Таму се случија едни од најужасните борби во Косово за време на доцните 90-ти години на минатиот век.

Тогаш бунтовниците косовски Албанци водеа битки со српските безбедносни сили. Нивната цел беше ослободување на Косово од Србија и режимот на Слободан Милошевиќ. Во 1999 година НАТО интервенираше со своите воени авиони. Во Клина НАТО воените авиони предизвикаа голема штета. Денес зградите се нови, а кафулињата се полни. Но, жителите како Халил Гаши се сеќаваат на тешките денови.

– Овде имаше автобуска станица. Тие ја бомбардираа и целосно ја уништија – објаснува 77-годишниот маж додека минува покрај поранешната полициска станица во Клина. Тенковите на српската армија беа стационирани низ целата Клина. За нивно гранатирање НАТО користеше американски авиони А-10с, кои користат 30-милиметарска муниција со осиромашен ураниум. Овие авиони се дизајнирани за уништување тенкови.

НАТО истрела 30.000 парчиња муниција со осиромашен ураниум. Сојузниците и натаму ја раководат мировната мисија наречена КФОР, но повеќе не ги мониторираат активно местата каде беше испукан осиромашениот ураниум. Во 2000 година и тим од ОН посети 12 проценти од местата гранатирани од страна на НАТО. Извештајот објавен една година подоцна забележа дека не постои широко распространета контаминација на почвата или водата.

Но, тој извештај исто така не ги исклучи опасностите во иднина и препорача идно мониторирање, посебно на снабдувањата со вода. Извештајот нагласи и дека користената муниција може да пробие до седум метри под земја и таму да се распадне. Некои од гранатите се заглавени во област со подземни бунари со вода, кои се наоѓаат на само два метра под земја. Извештајот нагласува и дека осиромашениот ураниум брзо рѓосува кога ќе дојде во контакт со вода или кислород. Зарѓаниот или оксидиран ураниум може да се раствори во вода и да ја контаминира.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина