Египет воведе забрана за пливање и риболов во траење од 15 дена во близина на популарната дестинација Аин Сокна на Црвеното Море, каде минатиот викенд ајкула нападна капач.
Претставници на Министерството за животна средна изјавија дека причина поради која ајкулите се приближиле до брегот е комбинација на риболов и капење на исто место.
Нападот на ајкулата се случил во популарната туристичка област Аин Сокна, 120 километри источно од Каиро. Надлежните за истрагата за случајот изјавија дека нападот на ајкулата е последица на тоа што еден Египќанин пливал во близина на мамките, кои ги поставиле рибарите.
Иако нападите на ајкулите се мошне ретки во Египет, на хотелите во целата област им е наложено да ангажираат стражари на своите плажи.