(ВИДЕО) Дескоска: Со незаконско одлучување во собраниската Комисија сакаат да го спасат Иванов од одговорност

Од:

Како што беше очекувано, Комисијата којашто требаше да ја оцени иницијативата за одговорност на Иванов, кадешто има мнозинство владејачката партија, пропушти да го врати Уставот, почитувањето на законите и уставноста и законитоста во Република Македонија, рече Рената Дескоска.

Работата на оваа Комисија е класичен пример како всушност едно незаконито работење води кон друго незаконито работење.

Онака како што господинот Иванов сакаше со своите аболиции да ги спаси криминалците од власта на ВМРО-ДПМНЕ, на ист начин денеска пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да го спасат него од одговорноста за којашто има навистина аргументи дека тој го прекрши Уставот и законот за помилување.

За жал, првата постапка за импичмент помина на начин којшто не доликува за водење постапка на еден ваков институт каков што постои во другите компаративни системи.

Претседателот на комисијата заедно со колегите од мнозинството не сакаа да спроведат вистинска и темелна дебата и вистинско разгледување на фактите коишто ние ги презентиравме.

Слушнавме паушални оценки, политиканство, но не и вистински аргументи коишто ќе значат побивање на нашите правни аргументи коишто ги изнесовме и во иницијативата и во дебатите.

Од тој аспект, не е неочекувано она што се случи денеска,

Всушност и целокупниот обид на ВМРО-ДПМНЕ да го добие на неделовнички начин мнозинството во оваа Комисија резултираше со едно незаконито одлучување и незаконита постапка на комисијата којашто ја видовме денеска.

Како и да е, дебатата ќе се префрли во рамките на пленарната седница на Собранието и ние и таму ќе ги истакнеме своите аргументи. Ако не можеме да допреме до совеста на нашите колеги од ВМРО-ДПМНЕ, ќе допреме до македонската јавност со нашата заложба за враќање на уставноста и законитоста во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он