Моштите на кралот Ахмед Зогу пристигнаа во Албанија

Од:

Моштите на албанскиот крал Ахмед Зогу, кој почина во егзил во Франција во 1961 година, утрово пристигнаа на аеродромот Ринаси кај Тирана, јави дописникот на Макфакс. Пренесувањето на моштите од Франција во Албанија беше направено на барање на албанската влада, а по повод 100 годишнината од независноста на Албанија, како и на кралското семејство.

Утре, кога повторно ќе бидат погребани моштите на кралот Зогу Први во семејниот Мавзолеј во Тирана, ќе се одржи и пригодна церемонија по повод пристигнувањето на моштите. На одлуката на Владата за пренесување на моштите на Зогу во Албанија реагираа повеќе партии на левицата, меѓу кои и најголемата опозициска партија, Социјалистичката.

Тие оценуваат дека со овој гест Бериша го рехабилитира албанскиот крал Зогу, кој според нив, ја напуштил Албанија без да даде отпор на фашистите пред почетокот на Втората светска војна. Дел од партиите наведуваат дека Зогу при напуштањето на Албанија однел со себе големи количини злато.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент