Стотина пожарникари од саботата се борат со огнената стихија која зафати планински предел во Лос Анџелес, каде се евакуирани најмалку 5.000 лица, соопштија американските власти.
Пожарот избувна во саботата попладне, а денеска 30 проценти од површината која е зафатен со оган, е ставена под контрола, јавува Си-Ен-Ен
– Огнот се шири по кањонот поради што пожарникарите имаат отежнат пристап, изјави Џон Трип, шефот на пожарникарната служба на Лос Анџелес.