СДСМ: Гласаше ли денеска Никола Груевски?

Од:

„Влатко Ѓорчев денеска најпрво требаше да одговори за тоа како се збогатил и зошто ги криел приходите на неговата сопруга од 1.200 евра месечно.

Тој е олицетворение на лажните, лицемерни и корумпирани политичари на коишто не им веруваат ниту чесните членови во неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Со оглед на бетонираните избори коишто неговиот шеф Никола Груевски ги најавуваше за 5-ти јуни, денеска јавноста очекуваше Ѓорчев да ја соопшти излезноста на „изборите“ до 13 часот.

Гласаше ли денеска Никола Груевски?

Откако сите бетони на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се распрснаа не му останува ништо друго на Ѓорчев освен да се обиде ги брани криминалните политики на власта во заминување.

Се е јасно. Колку и да се плаши Никола Груевски, колку и да бега од граѓаните, уште едни криминални избори во Македонија нема да има.

Во Македонија ќе има само слободни, фер и кредибилни избори, со исполнување на сите услови.

Реформи со Никола Груевски, креаторот на целата државна, економска и политичка криза не се можни.
 
Излезно решение од политичката криза што ја создаде Груевски е можно со поништување на сите аболициии и спроведување на брзи, регуларни, фер, демократскии кредибилни избори.
 
Аболицијата што по нарачка на Никола Груевски ја испорача Ѓорге Иванов, ќе мора целосно да биде поништена, бегање од тоа нема.

Правдата ќе се врати, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за криминалното друштво на Никола Груевски.

Зборот е збор“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он