СДСМ: Пиони најавуваат независни листи како дел од сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Ние сме демократска партија во која што секогаш за разлика од ВМРО-ДПМНЕ сме имале спротивставени мислења и тие се кажуваат јавно. И ние апсолутно немаме намера да се занимаваме со поединци кои што најавуваат независни листи или независни кандидатури. Бидејќи сметаме, и убедени сме дека тоа се пиони и тоа е сценарио на ВМРО-ДПМНЕ. А дека изведувачите се луѓе кои што се уценети со својата лична слобода со кривични пријави или со одложување на судски процеси да го одработуваат тоа црно сценарио. И бидејќи СДСМ е единствената политичка сила која што може да ја окрупни целата опозиција и да го создаде Сојузот за иднината, за да го победи овој режим на Груевски, затоа, ваквите поединци се цел на едно сценарио на ВМРО-ДПМНЕ“, вака портпаролот на СДСМ, Емилијан  Станковиќ, одговори на новинарско прашање за внатре партиските состојби, и најавите на порано видни поединци дека ќе настапат со самостојни листи.

„ СДСМ поднесе кривична пријава за докажан криминал против, потенцирам непознат сторител во скандалот „Телеком“. Симптоматично, после шест години молк, ВМРО-ДПМНЕ го препозна како сторител, а подоцна и самиот Бучковски се препозна во нашата постапка. Клучното прашање како тоа ВМРО-ДПМНЕ веќе шест години не ги препознаваше осомничените во скандалот „Телеком“ и не покрена никаква постапка, а деновиве не само што препозна сторител, туку и препозна политичка пресметка во опозицијата? Кого и со кои мотиви штити ВМРО-ДПМНЕ? Се штити од аферата со партиската фирма „Аналитико“ или го користи овој случај и како полуга во сценариото за пресметка со опозицијата“, рече Станковиќ во врска со обвинувањето на Владо Бучковски дека случајот „Телеком“, СДСМ го злоупотребува за партиски прекупкуваеа со неистомисленици.

Нагласи дека  СДСМ и во минатото и сега и во иднина ќе се бори против корупцијата и криминалот и не бега од сопствениот дел од одговорноста во конкретниот случај со скандалот со „Телеком“.

 

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“