Мугуруза го освои Роланд Гарос

Од:

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза е новата шампионка на „Ролан Гарос’’. Таа во денешното финале на вториот овосезонски Гренд слем турнир, Отвореното првенство на Франција во два сета ја победи најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс.

До својот прв трофеј на Гренд слем турнирите, Мугуруза стигна полесно од очекуваното, иако во првиот сет беа одиграни дванаесет гема кој на крајот и припадна на Шпанката со 7-5. Сепак, во вториот таа беше и подобра па на фаворизираната Серена и препушти четири гема односно го доби сетот со 6-4.

Ова е само вкупно трета титула во кариерата за Мугуруза, но сигурно најзначајна, по која шпанската тенисерка ќе забележи напредување од 4 позиции на ВТА листата, која ќе биде објавена во понеделник.

Утре, во машкото финале за трофејот ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен