Добротворен меѓународен базар 2016

Од:

 На повеќе од 20 штандови, дипломатските претставништва во Македонија и други меѓународни организации промовираа и продаваа производи и сувенири од своите држави, во рамки на шестиот добротворен меѓународен базар 2016, кој денеска се одржа во Градскиот трговски центар во Скопје. 
Почесен претседател на базарот е амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Гарет, а главен покровител и годинава е Град Скопје.
– Оваа манифестација се одржува по повод 1 Јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето. И годинава „Добредојде Македонија велком центар“ го организираат овој меѓународен базар каде сите собрани средства се наменети за хуманитарни цели. Собраните средства од годинашниот базар ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца од улица – Шуто Оризари, рече Трајановски. 
Овој базар, како што рече, покрај хуманитарната димензија, за скопјани претставува одлична можност одблиску да се запознаат со дел од културата на овие држави.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето