СДСМ: Со срамни нарачки Груевски покажува колку е очаен и фрустриран од Зоран Заев  

Од:

„Медиумските курири не знаат веќе како да го одбранат криминалот на Никола Груевски.
 
Во голема паника од враќање на правдата и соочување со одговорноста предвидлива е безобразната агресија кон лидерот на демократска Македонија, Зоран Заев.
 
Со срамни и безобразни нарачки по медиумските курири и напади на неговото семејство Никола Груевски покажа колку е очаен и фрустриран од претседателот Зоран Заев.
 
Семејството и семејните вредности се светост за секој во Македонија освен за режимот и неговите медиумски мегафони.
 
Неправдата што се нанесува врз поблиското семејството на претседателот Заев само затоа што чесно и посветено работи и создава во Република Македонија е неправда која што ја почувствуваа многу граѓани во земјава.
 
Граѓаните знаат дека вистинските криминалци се во врвот на власта, на чело со Никола Груевски и прават се’ да ја спасат сопствената кожа.
 
Расипништво со парите на граѓаните, луксуз, криминални зделки, милионски провизии, парцели на Водно, мерцедеси од 600 илјади евра, очила од 60 илјади долари, луксузно партиско седиште, огромни луксузни слики-копии од други големи диктатори, се карактеристики токму на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
 
Затоа Македонија е на нозе, за враќање на правдата, слободата и демократијата.
 
Демократска Македонија предводена од Зоран Заев им порачува на криминалците во врвот на власта: ништо нема да ви помогне, ниту лаги по медиумските курири, ниту гатачки, ниту бајачки.
 
Правдата ќе ве стигне. Одговорност ќе има!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он