Мугуруза прва финалистка на Ролан Гарос

Од:

Четвртата носителка, шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза, прва успеа да се избори за финалето на годинашниот Ролан Гарос. Таа во полуфиналето ја победи Саманта Стосур, од Австралија, со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4).

За Мугируза ова е второ финале на Грен слем турнир, откако лани играше во финалето на Вимблдон. Таа воедно е прва шпанска тенисерка која по Кончита Мартинез се пласира во финале на Ролан Гарос (2000 година) по пауза од 16 години.

Нејзина ривалка во финалето ќе биде победничката од второто полуфинале меѓу Серена Вилијамс и Кики Бертенс. Попладнево се играат и полуфиналните мечеви кај мажите Стан Вавринка – Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ – Доминик Тием.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен