Ѓорческа не го помина четвртфиналето на фјучрсот во Унгарија

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е елиминирана во сингл конкуренција на фјучрс турнирот во Унгарија во Ходмезовашархели.

Таа во четвртфиналето загуби од квалификантката од Украина, Софија Ковалец со 2-1 во сетови, која пред две години беше на 243.место на ВТА листата.

Првиот сет и припадна на Ковалец со 6:3 во гемови, додека во вториот сет Ѓорческа успеа да изедначи добивајќи го сетот со 7:6 во тај брекот беше 7:4. Во решавачкиот сет тенисерката од Украина поведе со 4:0 и таа предност од два брејка ја зачува до крајот и сетот го доби со 6:2.
Ѓорческа за пласманот во 1/4 финалето ќе добие девет поени.

Нашата тенисерка попладнево ќе настапи и во полуфиналето во двојки каде со Романката Ирина Марија Бара ќе играат против Анастасија Комардина (Русија) и Ребека Шрамкова (Словачка).

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен