Рахој: Евентуален Брекзит негативно ќе се одрази врз Британците

Од:

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека евентуалното истапување на Велика Британија од ЕУ ќе се одрази многу негативно врз самите Британци.

Според Рахој, британските државјани ќе го загубат правото слободно да се движат низ земјите на ЕУ и да бараат и наоѓаат работа и да отвораат бизниси на најголемиот екиномски простор во светот.

Ова е првпат, шпанскиот премиер да ги предупреди Британците на последиците по нив, доколку гласаат за Брекзит.

Повеќе од 300 илјади Британци постојано живеат во Шпанија, од кои дури 35 отсто се пензионери.

Тие ја одбрале Шпанија за живеење, затоа што има подобра клима, но многу повеќе и затоа што е поевтина од Велика Британија. Додека живат на шпанската територија тие ги издаваат под наем своите куќи и станови во Веика Британија, создавајќи дополнителен приход на нивните главно мали пензии.

Многумина Британци веќе изјавија дека ќе мораат да се вратат назад, во Велика Британија, доколку земјата ја напушти Унијата.

Рахој овој пат не го спомена повеќе од 300 години стариот спор за Гибралтар, но неговиот сегашен статус на британска прекуморска територија во рамките на ЕУ, би можел темелно да се промени во случај на Брекзит.

Предупредувањето од Мадрид доаѓа по сличната порака што вчера ја упати и холандскиот премиер Марк Руте, околу „заблудите“ на кампањата за Брекзит дека надвор од ЕУ Велика Британија ќе има „пофер систем“ за мигрантите.

Со предупредување за сериозни проблеми за британската економија, но и пошироко, при напуштање на Унијата, се огласи и Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата