Комплетирање на полуфиналните двојки на Ролан Гарос

Од:

На Ролан Гарос според програмата денеска треба да се играат четвртфиналните дуели (по два кај мажите и жените), по што ќе бидат познати и полуфиналните двојки.

На централниот терен први ќе се појават Новак Ѓоковиќ и Томаш Бердих, додека во исто време на теренот „Сузан Леглан“ е дуелот меѓу Доминик Тием и Давид Гофан.

Кај жените Серена Вилијамс за ривалка ја има Јулија Путинцева, додека Кики Бертенс ќе игра против Тимеа Башички.

Во првото полуфинал кај мажите ќе играат Енди Мареј и Стан Вавринка откако го победија ривалите вчера. Мареј со 3-1 во сетови беше поуспешен од Ришар Гаске, додека Вавринка го победи Алберт Рамос-Винолас со 3-0 во сетови.

Кај жените полуфиналистки станаа Саманта Стосур со победата на Цветана Пиронкова со 2-0 во сетови, а со истиот резултат Гарбине Мугуруза ја победи Шелби Роџерс.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен