Груевски: Македонија ќе стане регионален лидер во образованието

Од:

Разликите во знаењето се главните меѓници кои државите ги делат на развиени и неразвиени. Токму затоа во последниве неколку години Владата на република Македонија направи неколку крупни чекори во насока на подобрување на образовните политики – порача на денешната глобална конференција на заменик – претседатели „Macedonia education one world“ , претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

Проектот „Компјутер и интернет за секое дете“, тренингот на учителите за користење компјутер и интернет, задолжителното средно образование, паричната помош за социјално загрозените семејства, бесплатниот превоз, бесплатните учебници, отварањето на голем број универзитети, соработката со странските универзитети и отварањето на нивни претставништва во Македонија, отварањето на голем број дисперзирани студии како и намалената партиципација во високото образование се само дел од мерките кои во полседниве шест години ги вовела Владата на Република Македонија со цел подобрување на образованието и образовните политики.

Груевски посочи дека токму овие мерки ја вовдеуваат Република Македонија да биде регионален лидер во образованието.

– Свесни сме дека Македонија нема голем број на природни ресурси. Ние сме мала држава со богата културна и научна традиција. Доказ за тоа е и Климентовиот Универзитет, формиран во далечната 1886 та година, рече Груевски.

Тој порача дека Владата и понатаму континуирано ќе вложува напори со цел Македонија да стане регионален образовен центар.

-Преку оваа конференција имаме за цел да ги промовираме можностите за инвестирање во образованието, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија