Ѓоковиќ е првиот тенисер кој заработил 100 милиони долари

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е првиот кој од тениските турнири заработил 100 милиони долари.

Ѓоковиќ, кој досега имаше заработено 99.673.404 долари од тениските турнири, со денешната победа над Роберто Баутиста Агут, а во рамките од 4.коло на „Роланд Гарос’’, со пласманот во четвртфиналето заработи 294.000 евра или 331.000 долари, со кои ја мина границата од 100 милиони.

Слична шанса како и Ѓоковиќ пред почетокот на Отвореното првенство на Франција имаше и Роже Федерер кој досега има заработено 98.011.727 долари, но Швајцарецот го откажа своето учество на „Роланд Гарос’’.

Прв кој од настапи на турнири во светот на спортот ја мина границата од 100 милиони долари беше американскиот голф играч Тајгер Вудс.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен