Отворен најдолгиот железнички тунел во светот

Од:

 Најдолгиот и најдлабокиот желенички тунел во светот е отворен денеска во Швајцарија, после 17 години интензивна изградба.

Тунелот „Готхард“ е долг 57 километри и ги поврзува Швајцарија и Италија, но и северните и јужните делови на Европа.

Транспортните експерти објаснуваат дека овој тунел ќе го револуционизира товарниот транспорт. Стоки и разни прозводи, што сега се превезуваат со еден милион камиони секоја година, сега ќе се пренесуваат со железница.

„Готхард“ со својата должина ги надмина јапонскиот тунел Сеикан, долг 53,9 километри и тунелот под Ламанш, долг 59,5 километри кои ги поврзува со железничка врска Велика Британија и Франција.
Претседателот на Швајцарската федерација, Јохан Шнајдер Аман изјави на свеченоста во местото Ертсфилд, кај северниот влез на тунелот, дека „Готхард“ претставува „гигантски чекор за Швајцарија, но и за нејзнините соседи, како и за целиот европски континент“.

На свеченото отворање на овој огромен градежен и транспортен проект, присуствуваа германскиот канцелар Ангела Меркел, италијанскиот премиер Матео Ренци, францускиот претседател Франсоа Оланд, австрискиот канцелар Крисијан Керн, како и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Новиот тунел овозможува брзо и лесно патување со железница од Ротердам во Холандија, до Џенова во Италија.

Изградбата чинеше 12 милијарди долари, а при изградбата се ископани и извадени 28 милиони тони камења и земја.

Тунелот во употреба ќе биде пуштен во декември годинава и при тоа патувањето од Цирих до Миланоо ќе го сведе на само два часа и 40 минути.

Предвидено е низ тунелот, секој дена да минуваат по 260 товарни и 65 патнички возови. Патувањето низ 57 километри долгиот тунел, ќе трае само 17 минути.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ